Првиот петок од октомври Нелт Ст ги собра своите вработени во Гарденија Хотел во Велес каде што се одржа незаборавен тим билдинг исполнет со многу забава, дружба и прекрасни моменти на еден сосема поинаков начин.
Под мотото Back to the ’90 голем број Нелтовци го отворија настанот што е впрочем идеја која соодветствува со одбележувањето на 20 години Нелт во Македонија.
Како специјални гости на тим билдингот беа поканети и легендите од групата Нокаут кои исто така одбележуваа 20 години од своето постоење на музичката сцена во Македонија.
Нелт Ст е компанија која во континуитет се обидува да пронаоѓа и имплементира различни начини за мотивација на своите вработени преку овозможување на бенефити и задоволства во кои тие можат да уживаат и надвор од работното време.
Една од многуте позитивни работи по кои е препознатлива оваа компанија и воедно се разликува од другите се многубројните реализирани тим билдинг активности за вработените кои се одржуваат неколкупати во годината.