Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем. Ова вчера го соопшти Град Скопје од каде, како што велат, ги отстраниле пречките за Системот за Брз автобуски превоз .
Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ.
Новите еколошки автобуси и ревидираниот систем значително ќе го намалат сообраќајниот хаос во главниот град и ќе овозможат јавниот превоз да се одвива непречено, а доцнењето да биде минато, велат надлежните.
Од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе се стига за 35 минути, а новите автобуси ќе имаат зголемен капацитет на седишта.
Целиот текст прочитајте го на skopjeinfo.mk