Соединетите држави можеби работат на намалување на родовиот јаз во платите, но еднаквоста е многу повеќе од парите.
Новото истражување на Истражувачкиот центар Пју ги анализира податоците од Американското истражување за времето поминато во работата, кое се фокусира на вработени возрасни лица во брак на возраст од 25 до 64 години. Истражувањето покажа дека, генерално, вработените родители имаат помалку слободно време од луѓето без деца. И постои значајна разлика меѓу половите во количината на слободното време што го имаат како вработени родители, пишува Fast Company.
Еве ги клучните точки од анализата:
- Мажите генерално имаат повеќе слободно време. Во просек, возрасните без деца имаат 30,4 часа слободно време неделно, додека возрасните со деца имаат 24,5 часа неделно. Меѓутоа, сопрузите без деца имаат просечно 31,2 часа слободно време, што е за 1,6 часа повеќе од нивните сопруги. Мажите со деца имаат просечно 25,7 часа слободно време неделно, што е за 2,9 часа повеќе од нивните сопруги.
- Разликата во слободното време е најголема кај луѓето со мали деца. Мажите со деца под пет години имаат најмалку 4,5 часа повеќе слободно време од жените, додека разликата се намалува на 2 часа за лицата со деца над 13 години.
- Мажите поминуваат повеќе време во релаксација, додека жените повеќе уживаат во дружењето. Вработените сопрузи имаат во просек 2,4 часа повеќе за опуштање, а трошат 2,2 часа повеќе гледајќи телевизија во споредба со вработените сопруги. Сепак, сопругите поминуваат околу еден час повеќе неделно во дружење отколку сопрузите.