Од разни причини (губење на крв, лоша исхрана и сл.), голем дел од луѓето имаат дефицит на железо, кое игра улога во носењето на кислородот до мозокот и органите преку крвотокот.
Најпознатиот симптом за ова е константниот умор, но еве уште неколку знаци кои покажуваат дека можеби имате дефицит од железо:
1) Чести инфекции
Црвените крвни клетки помагаат во транспортот на кислородот до слезината, едно од местата каде организмот се бори со инфекциите. Кога имаме дефицит од железо, не се продуцираат ни белите крвни клетки, што нè прави повеќе подложни на инфекции.
2) Опаѓање на косата
Губење на одредена количина коса е сосема нормално – една просечна личност губи 100 влакна дневно. Но, сè над тоа може да е знак на анемија.
Причината за тоа е што кога кислородот не стигнува до влакнестите фоликули, влакната паѓаат.
3) Невообичаени желби за храна
Состојбата наречена пика е кога некој почнува да добива невообичаени желби за храна како глина, креда, земја или хартија, меѓу останатото. Разни истражувања сугерираат дека и оние кои често добиваат желба да јадат коцки мраз имаат дефицит на железо.
Во поголемиот број на случаи, овие желби биле елиминирани кога нивото на железо во крв се вратило во нормала, а овој симптом е чест кај бремените жени.
4) “Немирни“ нозе
Синдромот на „немирни нозе“ (RLS – restless leg syndrome) е пореметување кое предизвикува непријатно чувство во нозете, што нè тера да ги мрдаме. Тоа може да биде слично на пецкање или како инсекти да ползат по кожата.
Иако неколку медицински состојби се поврзани со RLS, дефицитот од железо е една од највообичаените, покрај периферната невропатија.
5) Промени на кожата и јазикот
Доколку вашиот јазик е потечен и има мазна наместо рапава текстура, можеби искусувате орална манифестација на дефицит од железо. Притоа може да се забележат и промени во тонот на кожата, бидејќи хемоглобинот кој инаку и ја дава розеникавата боја не е доволно присутен во крвта, при што таа добива побледа нијанса. Силни индикатори на дефицит на железо се избледување на усните, непцата и на внатрешноста на долниот очен капак.
извор: idividi.com.mk