Лекарите предупредуваат дека недостатокот на сон може да придонесе за висок крвен притисок, лоша исхрана, дебелина и метаболички нарушувања како што е дијабетесот.
Секој човек има различни потреби за сон и од клучно значење е да спиеме доволно за да се чувствуваме одморени следниот ден. Оваа потреба варира од личност до личност – за некого се доволни шест часа сон, додека за други не се доволни ниту десет часа.
Неврологот Аруна Рао, која признава дека и самата спие осум часа навечер, вели дека минимумот за ноќен сон е околу пет часа и 45 минути, но не постои максимално препорачано време за спиење. Меѓутоа, ако некој спие повеќе од девет часа, тоа може да укажува на здравствени проблеми, како што се срцеви заболувања.
Лекарите предупредуваат дека недостатокот на сон може да придонесе за висок крвен притисок, лоша исхрана, дебелина и метаболички нарушувања како што е дијабетесот.
Од друга страна, прекумерното спиење може да биде и фактор на ризик за дијабетес, дебелина и срцеви заболувања, според Џон Хопкинс Медицин.
Квалитетот на сонот е исто толку важен како и должината на сонот.