Љубителите на смешни фотографии од диви животни конечно „дојдоа на своето“.
Судиите на „Comedy Wildlife Photography Awards“ со седиште во Велика Британија проучиле повеќе од 1800 фотографии доставени од 85 земји, оценувајќи ги оние најсмешните.
Првото место на натпреварот оваа година го зазеде еден кенгур кој бил фатен во моментот додека „свирел гитара“.
Фотографијата од женката сив кенгур ја снимил фотографот Џејсон Мур, рано едно утро во полето диви цветови во предградието на Перт, Австралија.
Наградите, кои во 2015 година ги втемелија професионалните фотографи Пол Џонсон-Хикс и Том Сулам, исто така го промовираат зачувувањето на дивите животни.
Овогодишниот натпревар е поддржан од „Whitley Fund for Nature“, британска добротворна организација која помага во финансирање на заштитата на природата ширум светот.