Скопје утринава се најде на второто место на најзагадени градови во Европа според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.
Со индекс на квалитетот на воздух од 154, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето, а полош воздух од македонскиот главен град во Европа е регистриран само во Краков, Полска.
Од Европа на првите најлоши позиции се најдоа и Приштина, Вроцлав и Сараево.
Во светски рамки, Скопје во моментов е 13-ти најзагаден град во светот. На прво место е Делхи во Индија.