Германија е единствената членка на Европската унија каде што има повеќе станари отколку луѓе кои поседуваат свои куќи или станови.
Минатата година, уделот на Германците кои поседуваат свои домови дури падна од 49 на 47 отсто, објави ДПА.
А во Австрија, која е втора по Германија на листата на земји од ЕУ со најмал број станари кои се и сопственици, нивниот број падна од 54 на 51 отсто, објави статистичката агенција Еуростат.
Низ ЕУ, бројот на сопственици на имот се намали за нешто помалку од еден процентен поен.
Вкупно, 69 отсто од станарите во Унијата се и сопственици, а 31 отсто станари.
Процентот на сопственици е особено висок во источните земји-членки како Романија (95 отсто), Словачка (93 отсто), Хрватска (91 отсто) и Унгарија (90 отсто).
Уделот на сопственост е најмал, заедно со Германија и Австрија, во Данска (60 проценти) и Франција (63 проценти). Надвор од ЕУ, Швајцарија има уште помал удел во сопственост од Германија, 42 отсто.