Општина Карпош, со издвоени средства од буџетот набави седум нови електрични тротинети кои ќе бидат користени од страна на општинската администрација за работни потреби.
- На овој начин, вработените во Општината,кои согласно работните задачи, мобилно се движат на територијата на локалната самоуправа ќе имаат практични, економични и ефикасни превозни средства кои воопшто не придонесуваат за загадување на амбиенталниот воздух, велат од локалната сампуправа на Карпош.
Согласно буџетските ставки и потребите на општинската администрација, Општина Карпош и во иднина ќе набавува вакви електрични тротинети, додаваат оттаму.