Работните дозволи за Словенија кои досега важеа за година дена, од 2019 г. ќе важат три години
Договор за ова потпишаа владите на Србија и Словенија, а по истекот на тие три години, работниците ќе можат да ги продолжуваат дозволите за уште толку време.
Во првите три години, работникот ќе биде врзан за една компанија, но потоа ќе може да конкурира слободно на пазарот на труд во земјата.
Услов за добивање на дозвола е да се биде регистриран во Бирото за вработување затоа што земјата мора да има увид за работниците кои работат во странство.