Голема распродажба со попусти до 80 отсто на различни категории производи ги очекува посетителите на продавниците лоцирани во Веро центар од среда до недела (од 14 до 18 ноември). Производите со WOW цени ќе може да се најдат во речиси сите продавници во Веро центар, меѓу кои се и „Топ шоп“, „Васидора“, „Картерс“, „Анхоч“, „Сара фешн“, „Спорт М“, „Би воч“, „Крш“, „Спорт риалити“, „О ла ла“, „Гудис“, „Дуки дасо“, дрогеријата „ДМ“ и многу други. Производи по посебни акциски цени и специјални понуди ќе може да се најдат и во Веро маркетот лоциран во Веро центар додека трае големата распродажба, во специјализираните продавници во делот за храна, како и во местото за забава „Киносенс“ на вториот кат од Веро центар.
По неверојатно успешната летна распродажба во Веро центар, одлучивме да организираме нова акција со екстремно ниски цени и бројни изненадувања со цел да им излеземе во пресрет на посетителите. Во акцијата со неверојатни попусти ќе може да се најдат квалитетни производи со намалени цени до 80 отсто, така што секој посетител на Веро центар ќе може да најде по нешто според своите желби и потреби по одлична цена – вели Љубица Короскоска, маркетинг директор во компанијата „Веропулос".
Од менаџерскиот тим на Веро центар потенцираат дека постојано ги следат барањата и сугестиите на посетителите, така што и во иднина планираат да продолжат со организирање на слични акциски распродажби и бројни изненадувања за посетителите. Акцијата со неверојатни попусти е само дел од настаните што се организираат во Веро центар, а кои имаат за цел на посетителите да им овозможат неверојатно шопинг искуство за целото семејство по најдобри цени.