Со оглед на поскапувањето на струјата и парното, правилното користење на греењето е особено важно, но малкумина знаат како правилно да ја постават температурата на радијаторите и што значат бројките на радијаторот или на термостатот, пишува The Sun.
На вентилот има бројки, главно од нула до пет. Но, дали знаете точно што значи секој од тие броеви на вентилот и како можете да заштедите повеќе со нивната правилна употреба?
Секој број покажува одредена температура: водоводџија и мајстор Мартин Николс открил дека овие бројки всушност покажуваат каква ќе биде температурата во просторијата, а не колку се „жешки“ радијаторите. Значи, секој број на вентилот одговара на собната температура што ќе ја достигне:
0 = 0°C (исклучено)
✱ = 7°C (или снегулка)
1 = 10°C
2 = 15°C
3 = 20°C
4 = 25°C
5 = 30 °
Не го прилагодувајте вентилот на „пет“
„Главната предност на ова е што ќе заштедите пари само ако ги користите правилно“, објасни мајсторот и ги советуваше луѓето да го постават радијаторот на подот на 2 или 3 во помалите простории во зимските месеци.
Ако влезете во просторија која е ладна и радијаторот работи, оставете ја на мира и не местете.
„Нека си ја заврши работата и соодветно нека ја загрее просторијата“, објасни тој, а за оние кои се далеку од дома или заминуваат на зима, ги советува радијаторите да ги држат на најниско ниво, поточно на „снегулка“ (*) за да се вклучат накратко, доколку температурата падне под седум Целзиусови степени.
Конечно, неговиот совет е да не го поставувате вентилот на пет, бидејќи тоа значи дека радијаторот нема да престане да испушта топла вода додека просторијата не достигне 30 степени.