Возењето автомобил назима на кратки растојанија не е економично затоа што тогаш потрошувачката на гориво на автомобилот е најголема, односно моторот не успева да се загрее.
Во просек, при температура од минус седум степени Целзиусови автомобилот троши до 12 отсто повеќе гориво отколку кога надвор температурата е 25 степени Целзиусови.
Според „Ревија ХАК“, постојат неколку причини кои го објаснуваат овој феномен. Како прво, на моторот му е потребно малку повеќе време за да дојде до оптималната температура кога работи најефикасно.
Студеното време го намалува притисокот во гумите, што може да го зголеми отпорот и потрошувачката (проверете го одвреме-навреме притисокот во гумите).
Надворешниот ладен воздух е погуст од топлиот, па расте отпорот во возењето, а со самото тоа и потрошувачката на гориво.
Во услови кога на патот има снег и мраз има повеќе пролизгувања на тркалата, па така расте и потрошувачката на гориво. Побавното возење до 60 км/ч. Исто така негативно влијае на потрошувачката на гориво.
Ќе ви помогне паркирање на автомобилот во потопли простории, како што е на пример гаражата. Исто така кога ќе го запалите автомобилот, почнете да возите што поскоро затоа што така и моторот побрзо ќе се загрее.
Совет: Не користете ги функциите за одржување/одмаглување на стаклата и греење на седиштата предолго.