Се поголем е бројот на малолетни лица кои се активни на пазарот на труд – соопшти Заводот за статистика во Исланд.
За разлика од 2011 година каде 56 проценти од средношколците на возраст од 17 години извршувале платена работа, во 2018 година нивниот број се зголеми на дури 68 проценти.
Стапката на учество на малолетни лица на пазарот на труд се намали значително во текот на економската криза од 2008 година, но по нејзиното завршување таа повторно почна да се искачува.
Според законот, малолетните лица во Исланд може да се вклучат на пазарот на труд со наполените 13 години. Токму затоа, стапката на вработеност од 13 проценти за 13-годишниците не е за потценување.
Интересен е фактот дека стапката се зголемува со секоја возраст па така платена работа извршуваат 21 процент од 14-годишниците, 45 проценти од 15-годишниците и 59 проценти од 16-годишниците.
Најголемиот дел од малолетните лица на возраст од 14 до 17 години се вработени во секторот на трговија на големо и мало или во ресторани и хотели.