Безбедното и безгрижното возење е незамисливо без висококвалитетен и сигурен акумулатор. Доколку акумулаторот е неисправен, не можете ни да го запалите моторот, но тоа не е неговата единствена функција, особено во денешно време на современи автомобили кои имаат голем број електронски и помошни системи.
Таквите системи бараат големо количество електрична енергија, поради што е важно да се купи акумулатор со најдобри карактеристики за одреден тип возило.
Општо е мислењето дека на постарите автомобили не им е потребен особено силен акумулатор бидејќи имаат помалку електроника во споредба со модерните возила.
Како резултат на тоа, кај ваквите возила на четири тркала акумулаторот се троши помалку, бидејќи се користи главно за стартување на моторот, вклучување на фаровите, музичките уреди, безбедносната опрема и слично.
Од друга страна, поновите возила не можат да се замислат без електроника – од ABS сопирачки, воздушни перничиња до контролната единица на моторот. Ова се уреди неопходни за безбедно управување со автомобилот. Поради тоа, на овие автомобили им е потребен акумулатор со поголем капацитет.
Совет до сите возачи е да ги истражат сите марки и типови на батерии и да ги анализираат нивните карактеристики пред да ги купат, земајќи ги предвид потребите на своето возило.
Големина на акумулатор
Првиот критериум при купување на акумулатор е големината. Акумулаторот што го купувате мора да ги има соодветните димензии за автомобилот кој го возите. За среќа, повеќето возила можат да примат акумулатор со различни димензии.
Резервен капацитет (RG)
Многу важна карактеристика на акумулаторот, со оглед на тоа што го претставува времето во кое батеријата може да генерира струја во случај на дефект на алтернаторот пред да го изгуби капацитетот неопходен за палење на моторот.
Струја за ладно стартување (CCA)
Струјата на ладен старт е вредноста во ампери што батеријата може да ја поддржи 30 секунди на температура од околу-18 степени додека напонот на акумулаторот не се намали до неупотребливост.
Ампер и Ампер-часови
Ампер е мерна единица која ја означува количината на електрони, односно јачината на струјата која тече низ струјното коло. Додека ампер-часовите (AH) го означуваат капацитетот на акумулаторот за чување енергија.
Акумулаторот би требало да има повеќе засилувачи од ампер-часовите, бидејќи тоа укажува на струјата што акумулаторот може да ја пренесе преку запалувачот до замаецот на моторот и на тој начин да го запали автомобилот. За постарите автомобили, доволен е класичен акумулатор со помала моќност како 640 А и 77 Аh.
Старт – стоп систем
Современите автомобили кои имаат систем старт-стоп мора да користат соодветни акумулатори за сите барања на таков систем, а тоа се батерии со ознака AGM или EFG.
Класичните батерии не можат да се користат во автомобили кои имаат систем старт-стоп.