Автоматите за кафе денес се наоѓаат насекаде околу нас: во канцеларии, болници, јавни установи…Тие ни нудат инстант решение, односно многу опции за кафе – од филтер до лате, капучино со чоколадо итн.
Милиони луѓе на овој начин ја задоволуваат својата потреба за кофеин, бидејќи автоматите се лесно достапни, едноставни за употреба, а самите пијалаци се евтини во споредба со понудата во кафулињата.
Но, секако, квалитетот не е баш секогаш задоволителен.
Како што технологијата напредува, така и се создаваат иновативни автомати за кафе. Постарите модели главно користеа инстант кафе или концентрирана зовриена вода, а можеше да се додаде млеко и шеќер.
Некои модерни апарати/автомати приготвуваат различни кафени напитоци, како што се мока и лате, и користат мелено кафе или, дури, свежо мелени зрна, бидејќи во самата машина постои мелница.
Самите апарати за кафе каде што се користи чисто кафе и класично млеко – претставуваат адекватна опција, но кога станува збор за автомати, тука ситуацијата е горе-долу иста.
Таквите машини користат млеко во прав, продукт кој може да биде спорен поради неговиот состав, посебно за некои групи на луѓе. Посебно внимавајте ако водите сметка за шеќерот во исхраната, бидејќи дури и ако одберете опција „кафе без шеќер”, односно „одземете” шеќер на скалата за избор – тоа не значи дека кафето е без шеќер. Веројатно и самите сте забележале дека, иако одберете кафе без шеќер, тоа има сладок вкус.
Проблемот е во составот на млекото во прав, кое се користи главно во вендинг машините за топли напитоци, а ова е списокот на состојки: сурутка во прав, гликозен сируп, млеко во прав, нехидрогенизирани кокосови масти, шеќер, лактоза, средство против згруснување: E551; стабилизатор: E340ii; емулгатор: E4711.
Сурутката во прав важи за здрава и хранлива намирница, која настанува како нуспроизвод од производството на сирење, но истото не може да се каже за гликозниот сируп. Тоа е течен засладувач, најчесто користен во производството на комерцијална храна, чија улога е да го подобри, односно да го заблажи вкусот. Има многу калории и шеќер и не е добро да се користи секојдневно, велат експертите.
Од спорните состојки тука е секако и шеќерот, чија точна доза не е позната, но може да наштети на луѓето кои имаат строго забрането консумирање на шеќер.
Емулгаторот E551 или силициум-диоксид е посебна кристална материја, која нема боја, а има релативно висок степен на цврстина и тврдина. Најчесто се сретнува во шеќер, кајмак, сол, пченично брашно, зачини, чипс и други грицки, алкохолни пијалаци, кондиторски производи. Според официјалните тврдења, безбеден е за употреба (во одредени дози), но имајте на ум дека е, сепак, адитив. Освен него, млекото за прав за кафени напитоци од автомат содржи и стабилизатор E340ii, односно емулгатор E471.
Сите овие состојки може да влијаат на вкусот, аромата и слаткоста на кафето од автомат, па затоа не бидете изненадени ако ви се чини дека тоа е премногу слатко и кога купувате без шеќер. Ако сакате да ги избегнете овие додатоци, најдобро е да си приготвите кафе на класичен начин, со свежо млеко и без шеќер, или да одберете квалитетни апарати за кафе кои не користат млеко во прав.