Во текот на утрешната вечер, и ноќта кон вторник врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе има на повеќе места низ Македонија, па така понекаде и во градовите се очекува формирање на мала снежна покривка.
На планините и на Скијачките центри очекуваме формирање на позначителна снежна покривка (до вторник наутро и до 20 сантиметри, понекаде и повеќе).
Од вторник ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кој на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат и под нулата, пишува Славчо Поповски.
Во Скопје исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини.
Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет.
Пред нас е значително постуден период и вистинска зима.