За само една година цените на угостителските услуги во земјава поскапеле за дури 10 отсто.
Процентот на поскапување се разбира е драстично поголем доколку се споредат 2019 и 2023 година, односно периодот пред корона кризата и после неа.
Заводотот за статистика пресметал дека услугите во угостителската дејност рипнале за 9,8 отсто во 2023 во споредба со 2022.
Граѓаните на социјаллните мрежи коментираат дека во Скопје едно кафе чини над 100 денари, а некаде достигнува и до 150 денари, а чорба нема под 200 денари. Обична или кисела вода од 0,33 мл се продава меѓу 90 и 100 денари, додека онаа 0,750 е од 150 до 180 денари во зависност од локалот. Овие цени се идентични, а за некои артикли и поскапи од оние во Хрватска, Италија или пак популарните туристички дестинации во Грција.