Пред да побарате унапредување потрудете се да ги направите вистинските работи за да бидете сигурни дека одговорот ќе биде позитивен.
Еве некои од факторите што работодавачите ги земаат предвид при оценување на вработените за унапредување:
Одлично извршување на задачите
Од тоа како ќе ги извршувате работните задачи ќе има големо влијание кога ќе побарате унапредување. Одличното извршување на задачите и вашата репутација како исклучителен работник ќе имаат голема тежина кога компанијата ќе носи одлуки за персоналот.
Бидете тимски играч
Доброволно помагајте во нови проекти на компанијата. Понудете се да му помогнете на вашиот шеф и соработници секогаш кога дозволува времето. Ќе бидете познати како тимски играч и поединец со кого колегите сакаат да работат.
Вмрежување
Бидете присутни на компаниски настани и забави. Колку повеќе сте поврзани со своите колеги толку повеќе тие ќе знаат за вас. Поголема е веројатноста менаџерите да унапредат вработен што го знаат добро отколку “случајни“ кандидати за кои не знаат многу.
Продолжете ја вашата едукација
Ако вашата компанија нуди можности за професионални развојни часови, искористете ги колку што можете. Ако вашите вештини треба да се подобрат или унапредуваат, продолжете со образование.
Бидете подготвени да прашате
Работодавачот може да ги препознае вашите квалитети и да ви понуди унапредување. Сепак, за некои работни места и во некои компании можеби ќе треба да побарате унапредување.
Земете препораки
Побарајте од менаџерите со кои работите писмо со препорака. Овие препораки носат голема тежина.