Редици револтирани граѓани поради долгото чекање на пунктот за лични документи на МВР кај полициската станица „Пролет“. Велат дека со часови стојат на ладното време за да дојдат на ред да ја завршат постапката…
И најавите дека е можно пролонгирање на рокот за замена на личните документи не ги премислија граѓаните да ја завршат оваа обврска. На минусни температури чекаа во ред.
Сликата пред пунктот „Пролет“, каде што се врши сликање без закажување е позната иста-метеж, турканици и револт.
Метеж има и при подигнување на готовите документи. Премиерот Ковачевски вели дека го очекува разговорот на македонскиот претседател со неговата грчка колешка за евентуална промена на рокот што истекува на 12-ти февруари, зашто станува збор за меѓународно преземена обврска.