Веб-страницата World Population Review неодамна објави мапа на Европа според просечниот коефициент на интелигенција.
На врвот на оваа листа се Јапонците – нивниот просечен индекс на интелигенција е 106,48. Следуваат Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1), Јужна Кореја (102,35), Белорусија (101,6), Финска (101,2), Лихтенштајн (101,07), Германија (100,7).
Најнизок коефициент на интелигенција е забележан во Нигерија (67,8). Пред неа се Етиопија (68,4), Бангладеш (74,3), Кенија (75,2), Индија (76,2)…
Во Македонија просечниот IQ е 81,91, додека во Словенија е со 98,6, додека пак Хрватска има просечен коефициент на интелигенција од 95,75, во Србија просечниот коефициент на интелигенција е 89,6, а Босна и Херцеговина 88,54 и Црна Гора 85,78.
Индексот на интелигенција го претставува вкупниот резултат добиен од стандардизирани тестови или поттестови дизајнирани да ја проценат човечката интелигенција. Во овој случај, поттестовите вклучуваат оценување на знаењата од математиката и природните науки, како и читање. Целосната мапа можете да ја видите овде.