На 5-ти ноември 2018, Маркарт Македонија и посака добредојде на новата група на ученици од ССОУ Коле Неделковски во Велес кои ќе бидат дел од Програмата за практична настава или дуално стручно образование која е поддржана од Германската стопанска комора во соработка со Министерството за образование и наука.
Настанот се одржа во рамките на фабриката кадешто учениците, заедно со нивните родители и ментори имаа можност да се запознаат со Олгица Марковска – Менаџер за човечки ресурси, Димче Матев – Менаџер на производство и Трајче Каров – Инженер во одржување и овластен Тренер на учениците за практична настава кај работодавач.
Во своите говори, Марковска и Матев се осврнаа на важноста на дуалното образование, како за учениците, кои стекнуваат искуство со кое го надополнуваат теоретското знаење, така и за компаниите кои добиваат обучен кадар од соодветен профил.
Овој проект е од голема помош за нас, а исто така претставува огромна и непроценлива придобивка за вас учениците. Ние се чувствуваме посигурно дека во иднина добиваме спремен и стручен кадар, а вие излегувате од клупа без искуство, но со пракса, подготвени и сигурни за вашето прво CV, прв разговор за работа и прво работно искуство, - истакна во своето обраќање г-дин Димче Матев – Менаџер на производство во Маркарт Македонија.
Учениците и родителите, дополнително имаа можност да се запознаат со производните капацитети на фабриката, како и посебното работно катче за учениците, целосно опремено за успешно реализирање на наставата.
Оваа учебна година групата од ССОУ “Коле Неделковски“ брои 10 ученици кои ќе ја извршуваат својата практична настава во 3 групи распоредени во два дена во текот на неделата во просториите на Маркарт.
Тимот на Маркарт им посака добредојде и успешна учебна година.
Програма за практична настава во Маркарт Македонија (Apprentice program)
Следејќи ја Германската култура и едукација, Маркарт Македонија прави паралела помеѓу теоретските знаења и праксата преку развој на програми за настава на учениците за работен профил Мехатроничар, CNC Оператор, PLC Програмер и Алатничар.
Почнувајќи од 2017 година, Маркарт Македонија е пионер во спроведувањето на дуалното образование во соработка со ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес и Германската Стопанска Комора во Македонија.
Компанијата активно учествува и го спроведува дуалното образование во сферата на алатничарството, потпомогнато од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес со ученици од образовниот профил Машински техничар и Техничар за компјутерско управување.
Соработката продолжува и со останатите образовни профили од сферата на техниката и машинството.
Донација на техничка опрема во ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес
Во интерес на младите и нивното стручно образование, техничкото училиште “Коле Неделковски“ во Велес доби техничка опрема и реконструкција на просториите за обука на учениците од страна на Маркарт Македонија и тимот на релито “Old School“ којшто учествуваше на меѓународниот “European Orient Rallye”.
Предводник на релито беше Д-р Шуман – поранешен директор на Маркарт во Кина кој појасни дека оваа манифестација се одржува веќе 13 години и се вози на релација Германија – Јордан со цел да се соберат доволно средства за донации и да се запознаат што повеќе различни култури низ Европа и Азија.
“Во Македонија ја направивме оваа донација за училиштето Коле Неделковски и се надеваме дека ќе помогнеме во едукацијата на многу млади луѓе“, изјави Д-р Шуман.
Од Македонија продолжија во Турција, па во Израел каде што релито финишираше. Во Израел донациите се наменети за чистење на мртвото море.