Директорката на Државен инспекторат за труд на денешниот брифинг со новинарите рече дека досега од медиумите не примила поплака во врска со исплатата на регресот за годишен одмор, популарниот К-15, а првата пријава според која постапиле е од националниот сервис.
Таа посочи дека во делот на претставките кои ги добиваат за К-15, веќе има намалување во делот на изречени инспекциски мерки што значи работодавачите во голем обем се усогласиле со законската регулатива.
Оваа мерка е проблем и за инспекторите, бидејќи нема законски утврден минимален износ на К-15.
Овој дел треба да се доусогласи за да нема проблем и кај работодавачите и кај работниците. Но, според анализите во извештаите годинава има намалување на изречени инспекциски мерки по основ на неисплатен К-15.