Дали ви се случува да заборавите каде сте ги оставиле клучевите или документите? Науката има решение за овој проблем!
Кога мислите се оптоварени со многу работи станува тешко да се запамтат некои едноставни работи, како на пример каде сте ги ставиле клучевите, телефонот или дали сте ја исклучиле пеглата. Причината зошто не памтиме е дека во мозокот чуваме многу непотребни информации и така го оптеретуваме, па од таа причина меморијата слабее.
Научниците советуваат дека следниот пат кога ќе оставите некој предмет некаде, создадете јасна слика за тоа место во главата. Обрнете внимание на околината, дали подлогата на која сте го оставиле е стаклена или од дрво, како и каква е бојата. Дали постои уште некој предмет во околината. Колку повеќе детали ќе запамтите, подоцна полесно ќе го пронајдете предметот.
Уште еден интересен трик – Рут Пропер од американскиот универзитет во Монтклаир верува дека силното притискање на десната дланка за време на памтење на информацијата помага подобро да се вклопи во меморијата.
Научниците ова го препишуваат на фактот дека во моментот на притискање на дланката се активираат области во мозокот поврзани со памтењето. Објаснуваат дека притискањето на десната дланка ја активира левата хемисфера на мозокот која е одговорна за кодирање на меморијата.