За повеќето работници во Германија, нето приходот ќе се зголеми во 2024 година.
Пресметката покажува какви придобивки можат да очекуваат самците, оженетите и семејствата со деца. Со или без зголемување на платите, повеќето работници во Германија можат да очекуваат плус на платниот список во 2024 година. Ова е главно затоа што Владата ја зголеми основицата за даночни олеснувања, што е износот што секој може да го заработи без да плати данок. На крајот на годината сумата се зголемила од 10.908 евра на 11.604.
Како што пресметала софтверската компанија Датев за германските медиуми, тоа значи и до 563 евра повеќе годишно.
Во конечниот износ, олеснувањето е најголемо онаму каде што одбитоците се високи поради високите приходи. Според податоците, најголема предност имаат самохраните со бруто плата од 7.000 евра. Во 2024 година ќе добие 563 евра повеќе од 2023 година.
Кој е во најлоша позиција?
Но, состојбата е полоша за оженетите со бруто плата од 2.000 евра месечно. Во новата година ќе имаат 33 евра помалку ако имаат две деца и припаѓаат на даночната класа 3. Брачните двојки без деца од даночната класа 3 треба да прифатат загуба од 63 евра.
Причина за товарот, наместо олеснување во овој сектор на средни работни места, се индивидуалните зголемувања на социјалните придонеси.
Од просечната бруто-плата од 3.500 евра месечно, оженетите имаат повеќе корист од самците. Оженет со две деца добива дополнителни 315 евра, а самец во иста класа плата само 196. Просечниот самохран родител годинава ќе има 203 евра повеќе.
Добро е да се знае
Олеснувањето веројатно ќе биде уште поголемо во текот на 2024 година. Имено, владејачката „Семафор-коалиција“ дури напролет ќе го донесе годишниот даночен закон. Основниот додаток може да се зголеми за 180 евра на 11.784 евра и ретроактивно да се применува од 1 јануари 2024 година.
Работодавачот во еден потег ќе ви ја префрли разликата која веќе ќе ви биде одбиена од платата, пишуваат германските медиуми.