Постојат знаци дека може да имате ризик од срцев удар. Некои од нив може да се забележат дури и неколку недели однапред.
Најтипични се притисокот во градите, болката, стегањето, но и болката во пределот на стомакот која може да го доведе во заблуда пациентот кој обично мисли дека има дигестивни проблеми.
Исто така, сите овие симптоми укажуваат на ангина пекторис, срцева болест која е поврзана со намален проток на крв во срцето и може да доведе до срцев удар.
Сепак, не сите пациенти се под еднаков ризик. Оние кои страдаат од стабилна ангина пекторис се во помала опасност, а се карактеризира со следните карактеристики. Се јавува во време кога срцето е изложено на поголем напор, на пример, човек се качува по скали или вежба, симптомите траат кратко – пет минути или уште помалку, болката и непријатноста се секогаш слични и лесно се предвидуваат, и побрзо исчезнуваат ако лицето мирува или зема лекови.
Нестабилна ангина пекторис е онаа во која симптомите се појавуваат ненадејно, дури и во мирување, и може да траат 30 минути или подолго.
Тегобите не стивнуваат ниту кога пациентот ја зема терапијата, а потоа сосема е можно да следел инфаркт и тогаш е време итно да се јави на лекар.