Бернард Арно е шеф на конгломератот на луксузниот бренд LVMH, а богатството на неговото семејство порасна за 23,6 милијарди долари. Со 207,8 милијарди го претекна Маск.
Францускиот милијардер Бернард Арно го надмина Илон Маск на листата на најбогати луѓе во светот, објави во понеделникот Форбс.
Арно е шеф на конгломератот на луксузниот бренд LVMH, а богатството на неговото семејство порасна за 23,6 милијарди долари. Со 207,8 милијарди го престигна Маск на второто место, кој вреди 204,5 милијарди. 74-годишниот Арно има пет деца, сите работат во LVMH, а неодамна именуваше два сина во управниот одбор, а две од неговите деца веќе беа во одборот.
Инаку, Форбс сега во реално време ја коригира листата на милијардери, а бидејќи компанијата на Маск Тесла падна за 13 отсто во четвртокот, вредноста на Маск падна за 18 милијарди долари.
Форбс пишува дека акциите на LVMH забележаа голем скок во петокот, а капитализацијата на LVMH достигна 388,8 милијарди долари. Тесла од друга страна вреди 586,14 милијарди.
Пред три години LVMH ја купи Тифани за речиси 16 милијарди долари, што е најголема аквизиција на луксузен бренд.