Со новите законски измени на Законот за вработување странци се овозможува Македонците, освен во земјоделството и во градежништвото, сезонски да работат и во туризмот и во угостителството.
вото и во градежништвото, сезонски да работат и во туризмот и во угостителството. Така што Македонците сега, освен во Хрватска, за каде што за годинава се издадени 13.412 дозволи за работа, ќе имаат уште една опција – да заминат на сезонска работа во Словенија, каде што платите се далеку повисоки од нашите и се движат од 2.000 до 3.000 евра. И од агенциите за посредување при вработување велат дека голем дел од младите што заминуваат во Словенија да студираат не се враќаат назад, а оние што добиваат работни дозволи со важност од една година ги продолжуваат, бидејќи постои таква можност. Така, во последните десет години, 4.700 Македонци добиле статус за постојан престој, односно словенечко државјанство.
Во последниве две години, во Словенија се иселиле над сто илјади лица, од кои 90 отсто се од земјите на поранешна Југославија.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press