Кај нас моментално е многу голем тренд купување на имот во странство, особено во соседните држави како Србија, Грција и Бугарија.
И покрај тоа што цените на становите во Србија, особено во Белград и Нови Сад, за мнозинството граѓани се исклучително високи и се движат од 2.500 до 10.000 евра за метар квадратен, сепак постои интерес за купување недвижности, особено луксузни.
Дури 80 отсто од клиентите плаќаат во готово. Агентите за недвижности тврдат дека цените стагнираат, но сеуште нема да паднат – поради инфлацијата, високите камати и зголемениот прилив на странски капитал.
Во Ниш моментално има повеќе од десет големи градилишта и голем број помали. Има интерес, но има се помалку луѓе кои купуваат на кредит. Становите најчесто се купуваат во готово, а само темелот на зградата е поставен.
Цени во Ниш и Нови Сад
– Ако ги споредиме цените во последните пет години, ќе видиме дека има драстичен скок. Цената на новоградбата во 2019 година достигна 1.400 до 1.500 за метар квадратен во центарот на градот, додека денес цената е до 2.500 евра – вели Сандра Блажиќ од „Блажиќ Некретнине“ во Ниш.
Високите каматни стапки на станбените кредити се одразија на прометот со недвижности во Нови Сад како и на цената на становите во новите згради. Цената на метар квадратен е слична како и ланската, околу 2.200 евра.
– Во моментов не гледам можност за значителен пад на цените бидејќи поскапеа градежните материјали, поскапе работната сила. Единствено што може да се случи е државата да ги намали даноците – вели Михаило Радовиќ од Нови Сад „Тотал некретнине“.
Во Србија има се повеќе луѓе кои имаат готовина – и за градење и за купување. Тоа најдобро се гледа во главниот град, каде се градат се повеќе луксузни станови.
Луксуз во Белград
– Побарувачката на оваа локација (поранешно Депо) ја надминува понудата, без оглед на некои инфлациски движења кои дефинитивно доведоа до пораст на цените на недвижностите кај нас. Цената со која во моментов комуницираме со клиентите, која не е премногу променета од почетокот на изградбата, е околу 5.000 евра за метар квадратен – вели Миша Марковиќ од израелската „Лендмарк груп“.
– На оваа локација (Нови Дорчол) изградивме 100.000 квадратни метри. Големините на становите варираат од 35 метри квадратни до 250 метри квадратни. Во 2024 година нема да има пад на цената на метар квадратен – вели Јована Ѓорѓевиќ од „Дека инжењеринг“.
Продадени се луксузни станови во непосредна близина на Калемегдан, но по која цена инвеститорот не сакаше да открие.
Упатените велат дека само во главниот град чекаат легализација на околу 10.000 празни станови. Ќе можат да се продаваат само кога ќе платат за земјиштето. Поради ова, некои продавачи ќе мора да ја намалат цената на станот.