Различните генерации, но и целосната флексибилност на работното место се теми кои Најџел ги истакна во своето предавање “Re-imagining Learning, Development and Reward for a Changing World”.
Промени, промени и промени – ова се зборовите кои ја карактеризираа последната HR Days конференција. Со ист тон зборуваше и Најџел Џереми, но овој пат за промените на пазарот на трудот.
„Во последните неколку години постојано сме под напад на промени - од коронавирусот, до Брегзит, војната во Украина, можните кризи, миграцијата на работната сила, па сè до појавата на пет сосема различни генерации на пазарот на трудот“, рече Најџел.
Различните генерации, но и целосната флексибилност на работното место се теми кои Најџел ги истакна во своето предавање “Re-imagining Learning, Development and Reward for a Changing World”.
Разликите меѓу луѓето се она што го прави овој свет интересен, но како да се усогласат потребите на сите е предизвик со кој експертите за човечки ресурси се соочуваат денес повеќе од кога било.
„Поволностите како зголемување на платите, бонуси, службени автомобили, акции или годишен профит се секогаш добредојдени, но денес не се доволни. За да преживеат и да продолжат да растат, работодавачите мора да станат креативни и флексибилни“, посочи тој.
Кога зборува за флексибилност, Најџел нагласува дека не се мисли на флексибилно работно време или работа од дома. Според него, работодавачите мора да се прилагодат на „номадскиот“ начин на работа кој денес станува се попопуларен. Така, тој смета дека секој работодавач треба да размислува за воведување целосно флексибилна работа. Поточно, тие треба да им овозможат на своите вработени да работат од која било локација, како и можност за креирање на сопствено работно време.
„Можеме да видиме како овој начин на работа е најпривлечен за милениумците, кои се повеќе се свртуваат кон номадската работа. Лидерите мора да бидат свесни за промените што се случуваат на пазарот. Мора да ги прифатите и да растете заедно со нив бидејќи само така можете да бидете во чекор со новите трендови“, заклучи тој.
Резервирајте го вашето место денес по Early Bird цена и подгответе се да го дочекате новото поглавје од најспецијалната приказна за човечки ресурси. Се гледаме во Ровињ на 8 и 9 мај!