Утре од 17 часот, цело Скопје ќе биде без вода.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, ќе се врши интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче.
Поради тоа, намален притисок или прекин на водоснабдувањето ќе има речиси во цело Скопје.
Без вода ќе бидат Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, Топанско Поле, Автокоманда и Аеродром.