Џонсон Мети е глобален лидер во одржливи технологии, кој повеќе од 200 години користи напредна хемија на метали за да се справи со најголемите предизвици во светот и да придонесе за позитивни промени во заедницата, преку разновидна палета на активности и иницијативи. Од напори за зачувување на животната средина, обуки, менторства и проекти за пошумување, тимот на Џонсон Мети е во првите редови на позитивните промени.
Во таа насока, Џонсон Мети Македонија неодамна го прослави Меѓународниот Ден на Волонтерството со еднонеделно патување со низа влијателни активности.
Соработка со студентите од Институтот за хемија, преку која тимот на Џонсон Мети од одделот за контрола на квалитет волонтираше за да ги сподели своите знаења и искуства со следната генерација хемичари и научници, работилница за зајакнување на безбедносните практики меѓу учениците и промовирање одговорно ракување со хемикалиите во образовните средини во СОУ Марија Кири Склодовска, работилница за учениците од СОУ „Илинден“ со фокус на компјутерска технологија и автоматизација, реновирање на училишното игралиште и влезот на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, акции за пошумување, подготвување оброци за луѓето од ранлива категорија и изработка на новогодишни честитки со членовите на „Порака наша“, Куманово беа само дел од овие активности.
Во Џонсон Мети Македонија, овие волонтерски активности не се само изолирани настани, туку составен дел од нивната постојана заложба за позитивно влијание врз заедницата, а тоа го потврди и Боријан Борозанов, Оперативен Директор за Европа во Џонсон Мети, кој вели: „Овие волонтерски активности се составен дел од тековната посветеност на Џонсон Мети Македонија за позитивно влијание врз заедницата и градење подобра, поодржлива иднина за сите“.
Станете дел од тимот кој заедно, неуморно работи за да обезбеди квалитет, одлични услови за своите вработени и да создаде подобар свет преку моќта на волонтерството - Следете ја компанијата!