Другите држави со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, сами ќе одлучуваат дали ќе може да се влезе на нивна територија со стара лична карта...
Личните карти со старото уставно име ќе продолжат да важат во државата. Другите држави со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, сами ќе одлучуваат дали ќе може да се влезе на нивна територија со стара лична карта.
Тоа го потврдуваат и институциите каде се бараат лични карти. Постоечките лични карти се важечки доколку ви е потребна услуга од Централен регистар.
„При поднесувањето на барања за користење на услуги од надлежност на Централен регистар ќе го почитува соопштението од МВР и ќе ги прифаќа и личните карти на граѓаните во кои е содржано старото име на Република Македонија“, велат од Централен регистар.
Граѓаните со важечки лични карти ќе можат да добиваат банкарски услуги-потврдуваат и од Македонската банкарска асоцијација.
„Граѓаните со важечки лични карти ќе можат непречено да ги користат сите банкарски услуги и по 13.02.2024-та година независно дали називот на државата содржи Северна или не“, велат од Македонска банкарска асоцијација.
Достава на личните карти на домашна адреса прават полициските службеници на територијата на Скопје. Тоа е еден од новитетите кои ги воведе техничкиот министер Тошковски со цел да се олесни и забрза процесот при издавање на личните карти.