Хрватска од следната година воведува задолжителен воен рок, а сите млади момчиња кои завршиле средно образование ќе треба да ја завршат основната воена обука. Во моментов има три модели предложени од Министерството за одбрана, а владата ќе го избере оној кој политички е најдобар.
Така, еден од предлозите е обуката да трае шест месеци, но поверојатно е да се усвои предлогот кој предвидува отслужување на воениот рок во траење од три месеци. Секој што ќе научи за воени вештини ќе има плата од 700 евра месечно, што би значело дека за три месеци ќе добиваат 2.100 евра. Истовремено, времето поминато во армијата ќе се признае како стаж, пренесува Новости.
Следат детални подготовки, од опремување на воените кампови каде би се одвивала обуката до избор на кадри кои би ги обучувале младите. И момчињта кои се повикуваат на „приговор на совеста“ би оделе на обука, која би била прилагодена на оние кои одбиваат да земат оружје.