Во текот на вчерашниот ден, Општина Аеродром објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за грааните на нејзината територија.
Целта на овој пилот-проект е да се премине кон еколошки систем на загревање со стимулирање на жителите на Аеродром, поточно домаќинствата, да користат почист огревен материјал и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – за повисока енергетска ефикасност и помалку штетни емисии во воздухот, како дел од мерктие против загадувањето.
Јавниот повик ќе трае до 3 декември 2018 година и ќе биде реализиран по принципот “прв дојден прв услужен“. На овие граѓани Општина Аеродром ќе им субвенционира околу 50 отсто од трошоците за набавка на печки на пелети, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домажинство.
За овој проект, Општина Аеродром издвои 500 илјади денари од својот буџет.
Повеќе детали за критериумите и за начинот на аплицирање може да пронајдете на следниот линк: http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2011