Објавен е извештај за пет малициозни апликации кои се доста популарни во европските земји.
Овие апликации беа преземени стотици илјади пати и го содржеа банкарскиот тројанец „Anatsa“. Ги открила компанијата ThreatFabric, која за Bleeping Computer октрила за кои апликации станува збор.
Најтаргетирани корисници се во Велика Британија, Чешка, Германија, Словачка, Словенија и Шпанија. Најпрво на мета беа само корисниците на Samsung, но подоцна и други.
Ова се следните апликации:
1. Phone Cleaner – File Explorer
2. PDF Viewer – File Explorer
3. PDF Reader – Viewer & Editor
4. Phone Cleaner: File Explorer
5. PDF Reader: File Manager
Лажните апликации беа маскирани како да читаат PDF-датотеки или чистење на телефонот и беа дизајнирани да стигнат до топ листите на нов бесплатен софтвер, што ќе ги зголеми нивните шанси да допрат до повеќе корисници.
Се верува дека тие биле преземени помеѓу 150.000 и 200.000 пати пред да бидат отстранети од Play Store и користеле процес од повеќе чекори за „заразување“ на уредите без интеракција со корисникот. Ако ги имате, избришете ги од телефонот.