Комитетот за транспорт на Европскиот парламент (ТРАН), експертски комитет за прашања за патниот транспорт, уште на крајот на минатата година најави големи реформи во областа и намалување на прагот на полагање испит за возачи на камиони и автобуси на 17 години, но Европскиот совет за безбедност на транспортот (ЕТСЦ) силно се спротивставува на идејата малолетници да се најдат зад воланот на неколку тони тешките возила.
Европската Унија подготвува нова директива за патниот транспорт во која покрај другото се предвидува да се дозволи со 17 години да може да се полага и управува камион или автобус, но со обврска тоа да биде во придружба на поискусен колега. Причина за новите правила за добивање возачка дозвола е намалениот број на возачи во земјите на ЕУ. Се проценува дека во рамки на Унијата има недостиг од околу 600.000 возачи со тенденција бројката да расте.
Реформата би опфатила и усогласено и полесно признавање на возачките дозволи што потекнуваат од трети земји, како и можност земјите членки на ЕУ да ја намалат минималната возраст за возачите на автобуси на 18 години, без ограничување на растојанието што можат да го возат. Досега таа граница беше 50 километри.
Целиот текст прочитајте го на: plusinfo.mk