Тимот на Мета ги предупреди партнерите да не отвораат веб-страници од овој домен преку добиената пошта.
Во соопштението кое им го испратиле на своите партнери има и пример за меил со кој некој се обидува да ги измами корисниците:
„Почитувани партнери, забележавме фишинг-мејл кој доаѓа од домеинот salesforce.com. Тоа е пософистициран пример за фишинг кој не се забележува на прв поглед, затоа ве молиме внимавајте и не следете ги линковите кои се наоѓаат во меилот.
Еве пример како изгледа тоа “, напишаа од Мета.
Фишинг меил е вид на онлајн измама каде што напаѓачот користи е-пошта за да се обиде да ги украде вашите ингеренции (корисничко име и лозинка) или да го зарази вашиот компјутер. Овој вид на е-пошта станува се почест и функционира од хакерите т.е. криминалците се претставуваат како големи компании (Google, Netflix, Amazon итн.) и ве залажуваат да преземате и отворате прикачени датотеки или да кликнете на линковите во пораката за да ги добиете вашите лични податоци.
извор: denar.mk