Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4,5 % и изнесува 4.185 живородени деца.
Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 1,5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5.028 лицa, а од нив 9 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен - 843 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 1,6 % во споредба со истиот период од 2022 година и изнесува 2.824 бракови.
Во ова тримесечје добиени се 599 извештаи за разведени бракови, стои во извештајот на Државниот завод за статистика.