Управата за јавни приходи отвори дополнителни шалтери заради регистрација на граѓаните на системот е-ПДД и прием на барањата за регистрација.
Шалтерите се лоцирани во општина Ѓорче Петров и општина Аеродром. Шалтерот во општината Ѓорче Петров се наоѓа кај полициската станица, а во општината Аеродром во општинската зграда на вториот кат, стои во соопштението на официјалната страна на УЈП.
Канцелариите ќе бидат отворени до 31.12.2018 година и ќе бидат со работно време од 08:00 до 16:00 часот. За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000.