Во првата половина од ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди.
Додека едни тврдат дека чаша пиво или вино пред спиење е пожелно, со цел да ве опушти и да го забрза вашето “патување” во царството на соништата, австрискиот доктор Хадемар Банкхофер вели дека алкохолот постигнува целосно спротивен ефект.
– Тој го нарушува сонот, бидејќи по еден час, час и половина носи пријатен одмор, но за здрав сон е потребен постепен тек од неколку фази – прво доаѓа “тонење”, потоа лесен, па длабок сон и на крајот РЕМ фаза – објаснува професорот Банкхофер.
Под дејство на алкохол овие фази се значително нарушени. Во првата половина на ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди и повеќе не може да заспие.
Затоа мозокот не е во состојба да собере нова енергија, па наутро се чувствувате ”исцрпено”. Затоа овој експерт советува дека по 19 часот да не се консумира алкохол, ниту било кој пијалок кој содржи кофеин.