Според објавените податоци од Народната банка за 2023 година, домаќинствата ги зголемиле своите заштеди во банките и покрај економската криза.
Во 2023 година, од вкупниот износ на штедни влогови на домаќинствата од 354,2 милијарди денари(5,74 милијарди евра), 302,7 милијарди денари или 85,46 отсто се депонирани во петте најголеми банки, а 51,5 милијарди денари или 14,54 отсто во останатите осум банки(средни и мали банки).
Најголемата депозитна банка е Комерцијална банка АД Скопје во која домаќинствата депонирале 100,3 милијарди денари. Комерцијална банка е најголема депозитна банка и за приватните компании кои во банката депонирале депозити во износ од 35,9 милијарди денари.
Во Стопанска банка АД Скопје граѓаните депонирале 73,9 милијарди денари штедни влогови.
Трета по големина на штедни влогови е НЛБ Банка АД Скопје со износ од 66,7 милијарди денари.
Во Шпаркасе банка износот на штедните влогови на домаќинствата е 29,3 милијарди денари, а во Халк Банка 32,4 милијарди денари.
Останатите 51,5 милијарди денари домаќинствата ги депонирале во средните и малите банки.