Ако во фирма сте работеле најмалку шест месеци во календарската година, работодавачот е должен да ви исплати регрес за годишен одмор.
Доколку тоа не го стори, може да добие парична или затворска казна.
К-15 и годинава им следува на вработените во приватниот сектор, додека вработените во јавните институции се уште немаат право на него бидејќи истиот не е пропишан со колективниот договор од 2010 г.
Висината на К-15 зависи од износот на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата.
Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40% од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата.
Доколку се уште ви немаат исплатено К-15, парите треба да легнат на вашите сметки до 31-декември 2018, а треба да очекувате износ од 9.685 до 14.225 денари.