Монтолие е рај за сите љубители на книгата и за уметниците. Иако бројот на продавачи на книги растел со текот на годините, жителите на овој француски град не се гледаат како конкуренција, а тајната на среќата се крие во тоа што си ја сакаат работата, пишува „Пун куфер“.
Помеѓу две реки, во подножјето на францускиот планински венец Црна Планина, е сместен идиличниот град Монтолие. Ќе го најдете на околу еден час возење југоисточно од Тулуз.
Во сокаците кои се испреплетуваат низ малите плоштади до средновековната црква има премногу стари и нови книжарници. Додека соседните села и малите градови во тој дел на Франција го должат својот шарм на прекрасната природа и античката архитектура, Монтолие живее сосема поинаков живот.
Европски градови на книгите
Во последните три децении, градот ги собира љубителите на книгата и уметноста. Иако има само 821 жител и нема ниту еден банкомат, може да се пофали со дури 15 приватни книжарници и антикварници, што го прави единствениот официјален град на книги на југот на Франција. Монтолие не е единствениот град на книги во светот: И велшкиот Хеј-он-Вај, дом на повеќе од 20 книжарници, и белгискиот Реду се посветени на книгите.
Популарни настани
Монтолие е дом на музеј посветен на книги: Музејот на уметноста е место каде што посетителите доаѓаат да научат нешто за историјата на печатењето и уметноста на правењето книги, но и учествуваат во работилници каде што експертите го споделуваат своето знаење за калиграфијата. Малиот град недалеку од Пиринеите оживува на Велигден, кога луѓето доаѓаат на големиот Саем на книгата, а во лето текстилната фабрика од 18. век се претвора во културен центар во кој се одржуваат концерти и уметнички изложби. Но, дури и во текот на зимата Монтолие нуди нешто за љубителите на уметноста.
Уметност на секој чекор
Шетајќи низ средновековните улици, ќе видите многу уметнички продавници со слики, керамика и разни предмети. И додека во Монтолие нема банкомати, намирници може да се купат со притискање на едно копче: две локални фарми секојдневно полнат автомати со органски производи, вклучувајќи и некои од најслатките и најсочни јаболка по кои е познат овој дел на Франција.
Различни од другите
А во книжарниците ќе најдете класици, но и вредни стрипови, како и стари книги чии страници се покревки од крилјата на пеперутките. Без разлика на големиот број книжарници, во Монтолие нема конкуренција.
Продавачите со задоволство разговараат со клиентите и ги упатуваат кај колегите кога бараат одреден предмет. Без нездрава конкуренција, француското село на книги е пример за тоа како може да се постигне хармонија и задоволство на работа кога секој сака да придонесе за заедницата во која живее.