Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја пресмета вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2024 година. За едно четиричлено семејство да може основно да живее му се потребни 58 998,00 денари, и споредена со месец февруари 2024 година е зголемена за 1 522 денари.
-Вредноста на минималната синдикална кошница е во постојан пораст од почетокот на годината, поконкретно во месец март 2024 година, каде што зголемувањето е најизразено кај делот со храната и пијалоците, што е резултат дека трговците не го послушаа апелот на ССМ и неосновано само во интерес на зголемување на својот профит енормно ги зголемија цените на прехрамбените производи што резултира со нефер практики на трговците, и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните, а по прекинување на мерката на замрзнати цени, велат од ССМ.
Најголемо зголемување има во делот кај храната и пијалоците кои за месец март изнесуваат 22.681,00 денари, споредено со месец февруари (21 219,00 денари) зголемени се за 1 462,00 денари, додека од декември 2023 година до март 2024 година трошоците само за храна и пијалоци се зголемени за 1 951,00 односно за 9,41%.