Често се мисли дека желбата за одреден вид на храна има психолошка природа. Понекогаш е навистина така, но не секогаш. Човечкото тело е совршен механизам и кога ќе почвствува недостаток на одредена состојка која е неопходна за правилно функционирање, тоа игурно ќе ви испрати сигнал.
Нутриционистот Шон Вилкинсон објаснува дека ако многу ви се пие кафе, можно е на вашето тело да му недостасуваат сол, фосфор,железо или сулфур.
Сол – Иако почест проблем е вишокот сол, недостатокот може да предизвика задржувањена течностите во организмот. Симптоми се честите главоболки, замор и раздразливост, а долготрајниот недостаток може да доведе до оштетување на срцето. Користете морска сол и јаболков оцет, доколку ги препознаете симптомите.
Фосфор – Недостатокот од фосфор доведува до анемија, намален апетит, слабост во мускулите…За да го отстраните недостатокот на фосфор, користете во исхраната цели житарки, пилешко, говедско риба, јајца, пивски квасец…
Железо – Паѓањето ма косата, недостатокот од енергија и забрзаната работа на срцето можат да бидат последица од недостаток на железо. Хранете се сo изнутрици, месо, блитва, цвекло, брокули. Истовремено внесувајте и витамин Ц за да мож организмот полесно да го апсорбира железото.
Сулфур – Недостатокот од сулфур во организмот же го забележите по пореметувањето во создавањето на колаген и кератин, телото стаува помалку отпорно на вoспаленија, а кожата се истенчува. За да го поправите нивото а сулфур во организмот, внесувајте зелена салата, јајца, житарки, авокадо, кромид, малини или бадеми.
извор: samozdravje.com