Во ново видео, долгогодишниот автомеханичар Скоти Килмер детално објаснува кога е време за промена на автомобили.
Експерт за автомобили ги советува возачите сериозно да размислат за промена на возилата доколку на нивната контролна табла се вклучи одреден предупредувачки знак.
Во ново видео, долгогодишниот автомеханичар Скоти Килмер детално објаснува кога е време за промена на автомобили. Според Килмер, првиот знак за предупредување е проблем со менувачот. Доколку има проблем на тоа поле, на контролната табла ќе се вклучи светлото „check engine“, пренесува N1.
Килмер објаснува дека е време да се ослободите од користен автомобил кога ќе забележите необична, пригушена бучава при менувањето брзини. Тој наведува дека поправката би можела да биде скапа, па ако се работи за половен автомобил, подобро е да се продаде пред целосно да се расипе. Секако, кога продавате автомобил, на заинтересираните купувачи треба да им укажете на овој проблем, пренесува Mirror.
Промената на менувачот навистина може да биде скапа поправка, а цената ќе зависи и од типот на автомобилот, моделот и големината на моторот.