„Google“ знае многу за вас – за среќа, постои лесен начин да ги избришете податоците.
„Кога користите сајтови, апликации и услуги на „Google“, дел од вашата активност ќе биде зачувана во вашата сметка на „Google“, објаснуваат од компанијата.
„Ова може да го најдете и избришете во делот „Моја активност“, а за повеќето работи можете да го исклучите зачувувањето на активности во секое време“, се додава на блогот на компанијата.
Бришење поединечни активности
Веројатно е најлесно да го избришете поединечно она што не сакате да биде запишано во вашата историја на активности.
Тоа може да биде едно пребарување што сте го направиле, или локација што сте ја посетиле, во секој случај механизмот е ист.
Сè што треба да направите е да отворите: „myactivity.google.com“. Оттаму, скролајте надолу додека не ја пронајдете активноста што сакате да ја избришете, а потоа само отстранете ја.
„Нуклеарна опција“
Ако се одлучите за „нуклеарна опција“, односно бришење на целата историја на активности, можете да го направите и тоа.
Неопходно е да изберете „Delete“ и потоа „All Time“ во горниот дел од екранот, над вашите активности.
Од таму, изберете „ Next “ -> „ Delete “ и ќе избришете сè што „Google“ памети за вашите активности.
Автоматско бришење
Можете исто така да поставите „Google“ автоматски да брише некои од информациите за вас. На „Android“, отворете подесувања, а потоа „Google“ -> „Magane Google Account“ -> „Data & Privacy“ -> „History Settings“.
Таму, пронајдете ја активноста што ја сакате, потоа „Автоматско бришење“, изберете временска рамка и само потврдете.
Ако користите „iPhone“, ова ќе го најдете во апликацијата „Gmail“, а на компјутер ќе треба да отворите сметка на „Google“ преку вашиот веб-прелистувач.