Внимавајте кога плаќате на каса во маркет колкава ви е сметката и редовно проверувајте ги фискалните, бидејќи често се случува да ви биде наплатено повеќе или некој производ да ви биде отчукан неколку пати.
Освен честата практика во маркетите - една цена на полица, друга на каса, граѓаните во последно време се жалат дека често им се случува некој производ да им биде наплатен два или повеќе пати. Потрошувачите не знаат дали ова е намерно или не, но откако ќе реагираат, велат дека добиваат извинување или што би се рекло “ако помине – помине”!
Потрошувачите не знаат дали ова е намерно или не, но откако ќе реагираат, велат дека продавачките им се извинуваат и им враќаат пари. Ретки се случаите кога не сакаат да го вратат производот или да вратат пари, но во тој случај го бараат шефот и тој го решава проблемот.
Една потрошувачка на која за неколку дена ѝ се случило неколку пати на фискалната да ѝ бидат наплатени повеќе производи отколку што имала купено, вели дека мора да се проверуваат фискалните, бидејќи поради гужвите во маркетите, касиерките многу често грешат и еден производ го отчукуваат неколку пати.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press