Фенг шуи нуди интересни начини да привлечете среќа и богатство во вашиот живот со мали промени во секојдневниот живот.
Имено, во Кина постои верување во среќни бројки. Најсреќниот број е осум, што симболизира изобилство и богатство.
Кинезите ја сакаат оваа бројка, па становите на осми кат или автомобилите со регистарски таблички на кои се наоѓа бројот осум често се продаваат за повисока цена, бидејќи се сметаат за среќни.
Според традиционалната култура на Тао, бројот осум ја претставува целината и го симболизира целиот универзум поради осумте насоки.
Во модерна Кина, изговорот на бројот осум звучи слично на зборот „богат“ или „брзо богатство“. Затоа, овој број е речиси симбол на пари.
За да привлечете среќа и богатство, во паричникот треба да носите монети во ситни апоени чиј збир е осум.